Се очекува за време на посетата Фидан да разговара за билатералните односи, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања
Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Се очекува за време на посетата Фидан да разговара за билатералните односи, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања со претставници на балканската земја, се вели во денешното соопштение на Министерството.
Фидан ќе оствари средба и со турската заедница и со претставници на бизнис-секторот во земјата.
Туркије има значајна позиција во надворешните односи на Северна Македонија како држава која меѓу првите ја призна Северна Македонија под нејзиното уставно име и назначи амбасадор во Скопје.
Посетата ги нагласува силните врски меѓу двете земји, а во моментов Туркије е рангирана како седми најголем странски инвеститор во Северна Македонија.
АА