ноември 22, 2024

Тошковски на средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун. На средбата присуствуваа и високи претставници на компании од одбранбената индустрија на Турција.

На средбата, турската делегација ги претстави капацитетите и можностите што ги нуди турската одбранбена индустрија како лидер во регионот, во насока на опремување и зголемување на капацитетите на министерството во борбата против тероризмот, транснационалниот организиран криминал и нелегалната миграција.

„Турција е еден од нашите најблиски партнери, заедно сме во НАТО, а нашиот взаемен пријателски и партнерски однос е верифициран со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка, на која двете држави остануваат посветени. Ги разгледуваме можностите за соработка со турските компании производители во одбранбената и безбедносната индустрија за унапредување на капацитетите на нашата полиција. Градиме модерна и опремена европска полиција која ќе овозможи безбедност за секој граѓанин, бидејќи функционалноста на безбедносниот систем е предуслов за функционирање и напредок на правната држава и благосостојбата на нејзините граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.






TV21

Read Previous

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја влоши меѓународната позиција на државата

Read Next

Прв пат во јули годинава бројот на невработени во Македонија падна под 100.000