ноември 23, 2024

Хеликоптерот кој падна во езеро во БИХ закачил далновод, еве каква е состојбата со екипажот

Зукан Хелез, министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, зборуваше по падот на хеликоптерот на вооружените сили на Босна и Херцеговина, кој се урна во Јабланичкото езеро кај Бутуровиќ Поље.

Хелез, како што пренесува „ Аваз “, единиците на вооружените сили имале проба пред вежбата.

„Тие ги имаа сите потребни одобренија за вежбата со Цивилната заштита на Коњиќ , која се однесува на спасување на вода. Во тој низок лет, тие закачија жица, веројатно од далновод, и паднаа во езерото.“, посочи тој.

Министерот Зукан Хелез додаде дека четиричлениот екипаж е стабилен и дека нема поголеми повреди.

„Беа прегледани во итната медицинска помош, само пилотот е малку повреден. Не е ништо сериозно. Има само материјална штета на хеликоптерот“.




TV21

Read Previous

Голем пожар во Кисела Вода, гори блиску до пругата

Read Next

Филипче: Мицкоски и неговата Влада го прекинаа растот на платите