Веб-страницата на Владата во моментов не е во функција. Од таму тврдат дека страницата е цел на констатни хакерски напади.
Во моментов е недостапна за јавноста, и не е јасно кога повторно ќе биде во функција.
„Интернет-страницата на Владата е под константни хакерски напади. Една од главните причини е слабата заштита наследена од претходно, иако биле потрошени десетици илјади евра. По констатирање на состојбата и увидување на проблемот, се работи на надминување на проблемот со цел страната на Владата да биде соодветно заштитена, соодветно и интернет-страниците на сите министерства“, велат од Влада.
TV21