септември 19, 2024

Страшна сообраќајка во Србија, еден загинат и 14 повредени во судир на камион и автобус

Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на Новиот обреновачки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар, соопшти српското МВР.

Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба.

Припадници на МВР на Србија се на терен, а сообраќајот се насочува кон стариот Обреновачки пат.




ZOOM

Read Previous

Мицкоски: Во следниот период Обвинителството и истражните органи ќе се занимаваат со она што се случувало во изминатите седум години

Read Next

ЦУК: Активни два пожара, три се под контрола