ноември 21, 2024

Се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска со низа свечености во Македонија, ќе се одбележат 114 години од раѓањето на Гонџа Бојаџиу, позната како Мајка Тереза.

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Таа била најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Ага е родена во 1904 година, а Лазар во 1908 година. Податоците за таткото на Гонџа, Никола Бојаџиу, не се расчистени докрај. Според едни тој бил трговец, а според други аптекарски помошник. Тој бил и член на Советот на Скопје како единствен католик. Починал во 1919 година. Мајката Драна била домаќинка и исклучително религиозна жена. Таа потекнува од фамилијата Бернај од Косово. Нејзиниот татко бил трговец и големопоседник.

По повод 114 годишнината од роденденот на Мајка Тереза, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е земе учество на манифестацијата „Светлината на Гоџа” во спомен куќата и споменикот на Мајка Тереза на улица Македонија. Ќе се случуваат и други настани во чест на Гонџа Бојаџиу како класичен концерт во Кулутрно инфромативниот центар во Скопје.




TV21

Read Previous

ДУИ: Тетово и Гостивар тонат во долгови

Read Next

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција