септември 19, 2024

Уапсен 15-годишен тинејџер за нападот со нож во Германија

Шефот на германската полиција соопшти дека полицијата уапсила тинејџер (15) кој е поврзан со нападот со нож на фестивалот, кој се случи синоќа.

Според него, вчерашниот фестивал по повод 650-годишнината од Золинген требало да биде радосен настан, но наместо тоа станал страшно тажен.

По тој повод полицијата уапсила 15-годишно момче, кое е поврзано со нападот. Во нападот со нож загинаа три лица – двајца мажи на возраст од 67 и 57 години и една жена на возраст од 56 години. Осум лица се ранети.

Германскиот обвинител рече дека сè уште се обидуваат да го утврдат мотивот, но не можат да исклучат тероризам.

Полицијата навела дека во околината пронашла неколку ножеви, но сè уште не знае кој од нив бил употребен во нападот.




TV21

Read Previous

Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март

Read Next

Филипче: Тоа дека нема пари во буџетот за повисоки плати се приказни за мали деца