ноември 22, 2024

Османи по средбата со првиот човек на ЦИА: Сојузот со САД е гаранција за безбедноста

Ден по средбата со шефот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, Вилијам Барнс, косовската претседателкс Вјоса Османи оцени дека сојузот со Соединетите Американски Држави (САД) е гаранција за безбедност, мир и успех на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Османи денеска на својата страница на Фејсбук објави и неколку фотографии од средбата која се одржа во четвртокот.
„Сојузот со САД, гаранција за безбедност, мир и успех! Задоволство што вчера му посакав добредојде во Република Косово на шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), амбасадорот Вилијам Барнс“, напиша Османи.


ZOOM

Read Previous

Иселеник од Велебрдо донираше возило за итна помош во Здравствениот дом во Ростуше

Read Next

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје