Фабриката „Ником“ во Кавадарци беше зафатена со голем пожар синоќа. Интеревенирале пожарникарите од противпожарната единица во Кавадарци, со екипи на Комуналец, Шумското стопантство БОР, како и екипи од Велес и од Неготино.
Пожарот бил локализиран во 1:30 часот, но екипа остнаала на терен за да ја следи состојбата.
Градоначалникот Митко Јанчев на „Фејсбук“ напиша дека Територијалната протипожарна единица интервенирала со 30 пожарникари.
Ником е фабрика за производство на дрвена амбалажа од сите видови димензии, како и производство на пелети. Располага и со ладилник за складирање на земјоделски производи.
TV21