Испишуваме историја, Струмица е прв град на балканот со целосно електричен јавен превоз.
Струмица од септември ќе добие десет електрични автобуси кои ќе почнат да возат од септември. Струмица ќе биде прв град на Балканот со целосно електрифициран јавен градски превоз во корелација со европскиот зелен договор, најави денеска струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов при преземањето на клучевите од десетте електрични автобуси .
За опозицијата, набавката е прескапа, бидејќи еден автобус чини 700.000 евра.
Автобусите се со капицитет од 21 седиште и 22 позиции за стоење.
KANAL 5