Нино Николов, директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес, поднесе неодповиклива оставка. Оставката ја поднел уште пред три дена, како што навел – од лични причини.
Николов најавил дека ќе се враќа во неговата адвокатска канцеларија во градот.
„Сметам дека во изминатата година ипол, колку што ја извршував функцијата, тоа го правев професионално и совесно. Ги започнав и завршив проектите, како што беа целосно реноворање на делот на објектот во Нова населба, што му припаѓа на Здравствениот дом и усовршување на лабораториските здравствени услуги за пациентите, преку набавка на најсовремена апаратура“, рече Николов.
TV21