Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните. Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста, соопштија на својот фејсбук профил од ФК Вардар.
„Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, се вели во објавата на ФК Вардар.
Оваа вест доаѓа само еден ден после победата во дербито над Пелистер, Вардар останува без шеф на стручниот штаб.
Денеска двете страни имале состанок, по што е одлучено да биде прекинат договорот на тренерот со „црвено-црните“.
TV21