FILE – President Joe Biden speaks before signing the Democrats’ landmark climate change and health care bill in the State Dining Room of the White House in Washington, Aug. 16, 2022. Biden and his allies hope big recent wins on climate, health care and more will at least temporarily tamp down questions among top Democrats about whether he will run for reelection. (AP Photo/Susan Walsh, File)
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се повлекува од кампањата за реизбор за да може Демократската партија целосно да се концентрира на спречување на поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп да добие втор мандат во Белата куќа.
Бајден, во своето прво интервју по повлекувањето на 21 јули од кампањата за реизбор, изјави за CBS дека одлуката ја донел во неговата семејна куќа во Рехобот Бич, Делавер, кон крајот на јули, само неколку недели по телевизиските дебати со Трамп.
„За мене клучното прашање е сè уште – одржување на оваа демократија… Иако е голема чест да се биде претседател, мислам дека имам обврска кон земјата да го направи она што е најважното нешто што може да се направи, а тоа е дека треба да го победиме Трамп“, рече Бајден.
TV21