На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска околу 10 часот дошло до прекин во софтверот за пристап до системот што го користат авиокомпаниите за проверка на патници за летови.
Овој привремен прекин може да доведе до побавен процес на пријавување на шалтерите и, следствено, до одложување на одреден број летови во текот на денот.
Станува збор за глобален дефект на софтверот кој е надвор од контрола
на аеродромот „Никола Тесла“ и кој во изминативе неколку дена во неколку наврати зафати неколку аеродроми во Европа, Блискиот Исток и Африка .
TV21