Кај островот Јабука во Јадранското море, во тек е потрагата по патник кој паднал во морето од брод за крстарење,објавија хрватските медиуми. Како што пишуваат, станува збор за маж кој не е хрватски државјанин туку странец.
Полицијата пријавата ја примила во 04:30 часот. во утринските часови.
Крузерот „Royal Caribbean Cruiser Explorer Of The Seas“, кој пред неколку дена бил во Дубровник, денеска требаше да заплови во Задар, но патувањето е сопрено по инцидентот.
Се чекаат повеќе информации од хрватската полиција.
ВЕЧЕР