ноември 23, 2024

Учениците веќе нема да имаат пролетен распуст – министерката вели родителите не сакале

Нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година.

Ова го посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска која вели дека финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат пролетен одмор за своите деца.

Ваков став имаат и повозрасните ученици.

„Оваа година пролетен распуст нема да има. Направивме легитимна анкета и граѓаните ги кажаа своите потреби“, кажа Јаневска, која додаде дека учебната година ќе започне на 2-ри септември, понеделник.

На прашање дали се разгледува друга можност за краток одмор, Јаневска истакна дека нема такво нешто во моментов.

Претходната учебна година, основците и средните училишта од 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст.

TV21

Read Previous

Николовски – Курт: Тимски против криминалот

Read Next

Мицотакис: Најголемото оружје со кое располагаме е тоа што Грција е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје