ноември 25, 2024

Вo Затворот Струмица 23 Лица Се Во Бегство

Новиот директор на Струмичкиот затвор Зоран Ристов констатирал дека во моментов таму фалат 23 затвореници, кои се оддалечиле, а не се вратиле во институцијата.

„За жал првата информација од прегледот на состојбите е дека до моментов од КПУ Затвор Струмица во бегство се дале 23 затвореници. Оваа запрепастувачка бројка е резултат на неодговорното работење на претходните раководства. Некои од нив сега високи политичари во опозицијата. Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите:’Јас стојам зад тоа’. Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат. Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува“, изјави денеска Ристов.

Прва негова задача, рече во видео-обраќањето испратено до медиумите, е да се врати достоинството и работниот имунитет на вработените, да престанат конструкциите, лажните објави на социјалните мрежи и секако, привилегиите за одредени затвореници.

„Застанувам против секој обид за рекет, изнуда и притисок. Очигледно, тоа е намерен инструмент за да се создаде клима за манипулација. Согласно Законот за извршување на санкциите и согласно Куќниот ред, КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица. Завршува времето на омаловажени и искористени осудени лица. Според личните желби на одредени вработени, осудените биле приморани да извршуваат работни задачи на приватни имоти, како градежни активности и друго“, тврди директорот и најавува санкции по изготвувањето на извештајот.

СДК

Read Previous

Средба на министерот Муцунски со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО)

Read Next

Пожарот во Црна Гора се шири, туристите во страв