После Киев и Москва, и средбите со Зеленски и со Путин, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан замина во посета на Кина каде имаше средба со претседателот Кси Џинпинг.
„Претседателот Кси ми кажа дека Кина ќе се бори за да се одржи мирот во светот. Не сме сами. Мировната мисија продолжува“, напиша Орбан на својот профил на „Икс“.
Се очекува Орбан по Кина да замине во Вашингтон, на одбележување на 75-годишнината од НАТО.
TV21