ноември 24, 2024

Шефот на дипломатијата на ЕУ: Орбан го нема нашиот мандат да ја посети Москва

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, ја коментираше информацијата дека унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатува во Москва на средба со претседателот Владимир Путин, нагласувајќи дека тој не ја претставува ЕУ, туку дека станува збор само за билатерални односите меѓу Русија и Унгарија.

„Посетата на премиерот Виктор Орбан на Москва се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија“, најави Борел.

Унгарија, како земја која претседава до крајот на оваа година, не ја претставува ЕУ во странство, што е ексклузивна надлежност на претседателот на Европскиот совет кога е во прашање нивото на шефови на држави или влади, а висок претставник кога станува збор за министерско ниво.

„Премиерот Орбан не доби мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва. Ставот на ЕУ за агресивната војна на Русија се одржува со бројни заклучоци на Европскиот совет. Оваа позиција ги исклучува билатералните контакти меѓу ЕУ и претседателот Путин“, посочува Борел.

TV21

Read Previous

Според Транспаренси Интернешнл-Македонија во јуни повеќе „матни“ од „бистри“ случаи

Read Next

Назначени нови директори на ГОБ „8. Септември“ и на Институтот за јавно здравје