ноември 23, 2024

Цената на житото се зголеми откако Русија се повлече од извозниот договор на Црното Море

Цената на житото на светските берзи се зголеми откако Русија во текот на викендот објави дека еднострано се повлекува од договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море. Потегот на Кремљ создава загриженост дека повторно би можело да дојде до прекин на глобалното снабдување.

Во Чикаго, фјучерсите на пченицата се зголемија за 5,4 отсто до 8,73 долари за бушел ( бушел пченица = приближно 27 кг), што е нивно највисоко ниво од 14 октомври, но, барем засега, се уште е далеку од рекордот од март, кога цената скокна до 13,64 долари за бушел.

Фјучерсите на пченка додадоа 2,2 отсто на 6,96 долари за бушел, а сојата се најдов на 14,12 долари за бушел, што е раст од 0,8 отсто.

Москва се повлече од договорот за жито во саботата, поради напад со беспилотно летало на украинските сили врз руски цели на полуостровот Крим.

Киев возврати дека Кремљ бара изговор да го напушти договорот, а Вашингтон посочи дека Русија повторно се обидува да ја користи храната како оружје. 

Read Previous

САД планираат да распоредат бомбардери Б-52 во Австралија, тврди извор

Read Next

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов не очекува нови тензии