Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во текот на вчерашниот ден телефонски разговарал со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Тие разговарале за војната на Русија против Украина и заканите што таа ги создава за глобалната безбедност и економската стабилност.
Според соопштението на Стејт департментот, се разговарало и за потребата од одржување на отворени линии на комуникација и од одговорно управување со односите меѓу САД и Кина.