ноември 22, 2024

Ристо Пенов стана министер, Собранието гласаше

Собранието со 63 гласа „За“ го избра Ристо Пенов од ЛДП за нов министер за локална самоуправа.

-Констатиран дека Ристо Пенов е избран за министер кој ќе раководи со министерството за локална самоуправа. Дозволете од името на сите пратеници да му честитам за изборот и да му посакам успех во работата, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во Собранието беа присутни 101 пратеник, а 30 гласаа „против“. Немаше воздржани.

После изгласувањето Пенов даде свечена изјава од собраниските клупи.

Read Previous

“Треба да се работи со забрзана динамика за уставните измени”

Read Next

Полицијата казни две лица кои питачеле во Тетово