ноември 22, 2024

Локвенец на средби во Брисел за инвестициите во железничката инфраструктура

Делегација на ЈП Железници на Република Северна Македонија Инфраструктура Скопје, предводена од директорот Хари Локвенец, денеска и утре ќе престојува во Брисел.
Според најавата, попладне македонската делегација ќе има средба со раководството на Секретаријатот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF Secretariat), како најголем донатор на 155 милиони евра инвестицискиот грант наменет за железничката делница Крива Паланка – граница со Република Бугарија, како и на инвестицискиот грант во вредност од 68 милиони евра за делницата Бељаковце – Крива Паланка.

Задутре, пак, во Европскиот Парламент, во рамки на изложбата „Патека за успешно поврзана Трансевропска транспортна мрежа ТЕН-Т за одржливо поврзана Европа“ , Локвенец ќе ги презентира тековните капитални инвестиции во железничката инфраструктура пред европарламент арците и другите учесници и донатори.

Read Previous

Доделување признанија на ученици за литературни и ликовни творби за Гоце Делчев

Read Next

ГЕН-И ќе објави почеток со работа на соларна електрана од 17 MW во светиниколско