ноември 25, 2024

ОПМ ќе ја претстави можноста за стекнување сертификатна марка „Фер со потрошувачот“

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска организира промотивен настан  во рамки на проектот „Партнерството помеѓу граѓанските организации ја подобрува довербата на потрошувачите, животната средина и конкуренцијата!“, финансиран од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

-Целта за организирање на промотивниот настан е презентирање на можноста за сертифицирање и стекнување со сертификатната марка „Фер со потрошувачот“ (Consumer friendly certificate), преку остварување на критериумите во поглед на заштита на потрошувачите и животната средина, соопшти ОПМ.

Проектот се спроведува преку ConWeb – мрежа на национални потрошувачки организации на Југоисточна Европа која ја сочинуваат Центарот за заштита на потрошувачите на Црна Гора, Организацијата на потрошувачите на Македонија и Националната организација на потрошувачите на Србија.

Read Previous

Домаќинствата ќе имаат струја и парно, финишираат преговорите за да му се помогне и на стопанството

Read Next

Конференција „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“