ноември 23, 2024

Украина објави размена на 215 воени заробеници со Русија

Украина ноќеска објави размена на 215 воени заробеници со Русија, вклучително и лидерите на одбраната во челичарницата Азовстал во Мариупол, симбол на отпорот на руската инвазија, пренесе Бета.

– Успеавме да ослободиме 215 луѓе во најголемата размена на затвореници од почетокот на руската инвазија во февруари, изјави шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андреј Јермак.

Русија доби 55 затвореници, меѓу кои беше и поранешниот пратеник Виктор Медведчук, близок соработник на Владимир Путин, кој беше обвинет за велепредавство во Украина, изјави во своето редовно обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како дел од таа долго подготвувана операција, пет воени команданти, меѓу кои и началниците на одбраната на Азовстал, се префрлени во Турција, рече Зеленски.

Тие ќе останат во Турција „во целосна безбедност во удобни услови“ до крајот на војната врз основа на договорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рече Зеленски.

Во рамките на оваа размена има и десет воени заробеници, меѓу кои пет Британци, двајца Американци и еден Хрват, за кои претходно беше соопштено дека се префрлени од Русија во Саудиска Арабија, од каде ќе се вратат дома. 

Read Previous

Борел: ЕУ размислува за нови санкции против Русија

Read Next

Бектеши: Рудници, казина и банки нема да бидат поддржани, а угостители и хотелиери да