ТИКА организираше основна обука за противпожарната бригада во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во рамките на Програмата за обука за итни случаи и катастрофи (ADAMEP) во Северна Македонија организира „Основна обука за противпожарна бригада“, јавува Агенција Анадолија (АА).

ТИКА, во соработка со Одделот за противпожарна бригада на општина Коња, Туркије, и Град Скопје, обуката ја организира со учество на вкупно 21 пожарникарско-спасувачки персонал кои работат во против пожарникарските служби во земјата.

Во рамките на шестдневната тренинг програма се одржаа теоретски обуки за одговор на пожар, пребарување и спасување, одговор при сообраќајни незгоди, прва помош и заштита при работа.

На крајот од теоретската обука се одржа вежба под надзор на стручни тренери.

По вежбата, на пожарникарите кои успешно ја завршија шестдневната теоретска обука им беа доделени сертификати на свеченоста што се одржа во Центарот за обука на пожарникари во Автокоманда, Скопје.

На свеченоста на доделување на сертификатите учествуваа претставници на Амбасадата на Република Туркије во Скопје, претставници на Град Скопје и претставници на различни турски институции во земјава.

Координаторот на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, истакнувајќи дека активностите и проектите којшто ги реализира ТИКА во Северна Македонија се со широка лепеза, рече дека имаат проекти од областа на инфраструктурата, културата, образованието и реставрации.

„Она што треба да се подвлече овде е образованието, една третина од проектите што ги реализира ТИКА се проекти од образованието. Би сакал да истакнам дека како многу важна турска институција, јавна институција и организација за соработка, спроведуваме важен работен модалитет во Северна Македонија кој работи со сите мултиетнички групи и може да соработува со сите јавни институции без исклучок“, нагласи Согут.

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, истакна дека е особена чест да се биде во друштво на луѓе кои го жртвуваат својот живот со цел да спасат туѓи животи и туѓи имоти.

Глигоров во своето обраќање упати голема благодарност до Општина Коња за донацијата на едно противпожарно возило.

„Сакам да изразам една огромна благодарност за моменталната техничка помош од аспект на донација на едно противпожарно возило којшто ќе биде од исклучително значење за нашата противпожарна бригада и за градот Скопје“, нагласи Глигоров.

Џевдет Ишбитириџи, раководител на Противпожарното одделение на Општина Коња рече дека ова е седма по ред соработка во областа на обуката за противпожарна бригада којашто ја има реализирано Општина Коња со поддршка на ТИКА.

„Можам да кажам дека обуката тука во Скопје беше најдобра“, истакна Ишбитириџи.

Во своето обраќање, командирот на Противпожарната бригада на град Скопје, Sвонко Томевски, истакна дека ваквите настани се добредојдени за да се стекнат со нови искуства и нови знаења, и да се потврдат сопствените знаења кое го имаат во своето работење.

Read Previous

Путин поддржа референдуми во четири украински региони

Read Next

Умерено до значително облачно, со ветер од северен правец