ноември 23, 2024

Лондон: Се формираат редици граѓани за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета

Два дена пред пристигнувањето на ковчегот со смртните останки на кралицата Елизабета Втора во Лондон, некои граѓани веќе застанаа во ред за да ѝ оддадат почит на кралицата, која почина на 8 септември.

Ковчегот треба да пристигне во Лондон в среда и ќе биде поставен во салата на Вестминстерската палата, која ќе биде отворена за јавноста, пет дена.

Од вчера вечер дел од граѓаните веќе застанаа во редица која најверојатно ќе се протега и неколку километри, предвидувањата се дека ќе неколку стотици илјади луѓе. Во текот на ноќта се одржа и проба за церемонијата на пренесување на ковчегот во Вестминистерката палата.

Во тој дел на Лондон не е дозволено кампување, а граѓаните кои доаѓаат со себе носат столчиња на преклопување, потопла облека и храна.

Британската влада, очекувајќи долга редица, нареди зголемено обезбедување и поставување на монтажни тоалети.

Весникот „Тајмс“ објави дека може да се очекуваат до 750 000 луѓе, потсетувајќи дека во 2002 година имало повеќе од 200 000 луѓе да оддадат почит пред ковчегот на кралицата-мајка, мајката на Елизабета Втора.

Од вчера ковчегот со останките на Елизабета Втора е изложен во катедралата во Единбург.

Read Previous

Видео снимка предизвика народот да го мрази едниот принц: Хари е џентлмен, а Вилијам се однесува како неговиот татко!

Read Next

Најголемиот лавиринт во поле со пченка е посветен на Џејмс Бонд