ноември 24, 2024

Левица: Власта да не ги блокира измените за асистенти за учениците со попреченост

Долго најавуваните измени во Законот за средно образование никако да се реализираат, со што и оваа година учениците со попреченост своето средно образование ќе го започнат без образовни асистенсти.

Иако, инклузијата се истакнуваше како голем успех на неколку поранешни и сегашни ресорни министри, за жал, инклузијата на децата со попреченост во реалноста заживеа многу малку или речиси воопшто не заживеа.
Дистинкција има и во пристапот на државата кон самата инклузија.

Образовните и личните асистенти во основните училишта се под “државна капа” односно, државата обезбедува средства за нивниот ангажман и овие асистенти се вработуваат во основните училишта, со сите права од работен однос.

За разлика од образовните и личните асистенти во основните училишта, во средните училишта, средствата за овие асистенти се обезбедуваат од страна на општините, најчесто преку проекти со невладини организации, без соодветно вработување и за надоместок од 9.000 денари.

Знаејќи ги тешкотиите и проблемите со инклузијата на децата со попреченост и нивните родители, по поднесен амандман на советниците на Левица во град Скопје, се зголеми надоместокот за ангажирање на образовните и лични асистенти во средните училишта во Скопје од 9.000 на 14.000 денари, со можност за уште 4.000 денари за дополнителен ангажман.

Без добро осмислена стратегија и план, имплементацијата на инклузијата падна на терет на наставниците, професорите и најмногу на родителите, па наместо децата со попреченост да се инклузираат во системот, само дополнително ја почувствуваа неговата нефункционалност.

Алармираме на сериозноста на проблемот со кој се соочени децата и јавно апелираме министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за образование Јетон Шаќири да не калкулираат со судбината на овие лица и власта веднаш да пристапи кон усвојување на измените на Законот за средно образование.


Левица

Read Previous

Средба на гувернерката на НБ со новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД

Read Next

Петровска: Транспарентноста е најдоброто оружје во борбата против лажните вести