ноември 23, 2024

Бајден: Русија не треба да биде означена како спонзор на тероризмот

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Русија не треба да се класифицира како држава што спонзорира тероризам.

Тој, на новинарско прашање дали Русија треба да се означи како држава што спонзорира, кусо одговори „не“.

Украина, по руската инвазија, бара од западните држави Русија да биде означена како спонзор на тероризмот, додека Москва предупредува дека тоа би значело крај на руско-американските односи.

И дел од американските законодавци претходно предлагаа Русија да биде прогласена за спонзор на тероризмот.

Read Previous

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила

Read Next

Милошоски: Османи да внимава кога бара затворени седници на собраниската Комисија за надворешна политика