ноември 23, 2024

Во Индонезија започна состанокот на Г20 за животната средина и климата

Официјални претставници за животна средина од некои од најголемите светски земји кои емитуваат CO2 се состанаа денеска на Бали во Индонезија на разговори за поттикнување на глобалната климатска акција и други проблеми што се влошија поради војната во Украина. Министерот за животна средина на Индонезија, Сити Нурбаја изрази очекување дека состанокот ќе донесе заеднички договор за три приоритетни прашања – одржливо закрепнување, климатски активности и мобилизација на ресурси – што се дел од Парискиот договор, првиот универзален и правно обврзувачки документ за спречување на климатските промени.

Членките на Г-20 сочинуваат околу 80 проценти од светското економско производство, две третини од светското население и емитуваат околу 80 насто од глобалните емисии на стакленички гасови.

Read Previous

На Клиника во Брисел првпат извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето

Read Next

„Газпром“ го запре дотокот на гас кон Европа преку Северен тек 1