Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија стигна до првата победа. Ова се наведува во ставот на Националниот круг „За Македонија“.
Еве го целиот текст на позицијата:
Победа за бугарската историска наука! Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со Северна Македонија стигна до првата победа! Колегите во Скопје официјално го препознаа очигледното, кое и тие многу добро го знаеја. Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-крстител Борис-Михаил го ширеле својот збор низ целото бугарско царство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во учебниците во РСМ.
Сметаме дека за тоа помогна и посетата во јуни на Европскиот парламент во Стразбур на говорниците на Националниот круг „За Македонија“ професорите Николај Овчаров, Ана Кочева, Пламен Павлов и Спас Ташев, претставници на Бугарската академија на науките и Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“. Ќе потсетиме дека токму во тоа време се слушаа гласови од бугарската влада дека е „доста со оваа историја“, „да им свртиме грб на историските проблеми“ итн. Но, нашите гласови се слушнаа и беа вградени во т. нар. француски предлог, прифатен во двете земји. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во спорови за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев, стои во позицијата на Национален круг „За Македонија“