Москва официјално демантираше дека добила барање од Вашингтон за телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи, Антони Блинкен и Сергеј Лавров.
„Покрај медиумските извештаи за потенцијалниот разговор, ништо не знаеме и не сме добиле никакво официјално барање“, соопштија од Москва.
Американската страна претходно изјави дека Блинкен има намера да разговара со својот руски колега Лавров првпат по руската инвазија на Украина на крајот на февруари. Наведено е и дека разговорот не треба да биде за преговори за Украина, туку за Американците приведени во Русија и за обновување на украинскиот извоз на жито.