ноември 23, 2024

Поевтинуваат бензините

Од полноќ бензините се намалуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар, а дизелот по цена од 96 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден.

Read Previous

Изречени 23 казни за затемнети стакла на возилата

Read Next

Фон дер Лајен: Европските земји да покажат солидарност во гасната криза