Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека рускиот напад врз Украина доведе до најголемата безбедносна криза во Европа од Втората светска војна. Во интервју за Курир, Столтенберг изјави дека Русија намерно ја влошила кризата со храна и енергија, која „погодува милијарди луѓе ширум светот“. Тој рече дека сојузниците од НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, воено и финансиски.
„Долгорочно, ќе и помогнеме на Украина да премине од опрема од советската ера на модерна опрема на НАТО, да ја подобри интероперабилноста и дополнително да ги зајакне нејзините одбранбени и безбедносни институции“, рече Столтенберг. За соработката меѓу Србија и НАТО, тој рече дека постои блиско и долгорочно партнерство засновано на „политички дијалог и практична соработка“, притоа почитувајќи ја воената неутралност на Србија.