ноември 23, 2024

Бајден: Климатските промени се непосредна и јасна опасност

Климатските промени се непосредна и јасна опасност, како и егзистенцијална закана за нашата нација и за светот, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Здравјето на нашите сограѓани е загрозено, како и нашата национална безбедност и нашата економија“, додаде Бајден за време на посетата на североисточната држава Масачусетс.

Бајден рече дека ќе ги искористи своите извршни овластувања, бидејќи Конгресот не го прави она што треба да го направи“.

Конгресот штотуку ја отфрли неговата агенда за реформи во животната средина. Во времето кога тој зборуваше, големи делови од Европа беа зафатени од екстремна топлина, а во САД, кои не беа поштедени, околу 100 милиони луѓе живеат во зони под предупредување за екстремна или прекумерна топлина.

„Нашите деца и нашите внуци зависат од нас. Ова не е шега. Aко не го ограничиме загревањето за помалку од 1,5 степени се ќе изгубиме. Нема да може да се вратиме назад“, истакна Бајден.

Неговата советничка за Си-Ен-Ен изјави дека претседателот ќе дејствува по свое темпо и дека има одреден број овластувања што може да ги искористи, вклучително и прогласување климатска вонредна состојба.

Меѓу указите е распределба на дополнителни средства за заштита на областите кои се соочуваат со екстремни горештини и за мерки за поттикнување на производството на енергија од ветер во САД.

Read Previous

Во Шпанија над 500 жртви на топлотниот бран

Read Next

Франција ги зголемува пензиите и социјалната помош за четири отсто