ноември 22, 2024

Се очекува денеска оставка на Борис Џонсон од лидерската позиција во Конзервативната партија

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка откако се соочи со најголемата криза во својата политичка кариера.

Како што објави Би-Би-Си, Џонсон денеска ќе се повлече од претседателската позиција во Конзервативната партија, но ќе остане премиер до есен, односно до изборот на новото партиско водство.

Ова следува откако владата на Џонсон ја напуштија повеќе од 50 членови во изминатите 24 часа.

Read Previous

Кривична пријава против 12 лица поради ескалацијата на протестите пред два дена

Read Next

Спасовски: Полицијата спречи инцидент кај плоштадот „Скендербег“