ноември 23, 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на Македонија, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Шолц во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција.

Од Скопје германскиот канцелар заминува за Софија на средби со бугарскиот државен врв.

Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.

Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово.

Read Previous

Богоев: Пресудата за Талир 2 само е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стекнала имот незаконски, не само белиот дворец

Read Next

Вархеји порача дека Северна Македонија мора да успее во јуни, а потоа замина кај Петков и Радев во Софија