ноември 22, 2024

Грковска: ИТ кадрите мора да ги задржиме во државната администрација, без нив нема напредок

ИТ кадрите не може и не смее да бидат третирани како администрација, затоа што тие тоа не се. На овие кадри мора да им понудиме соодветни услови за да останат во системот, бидејќи без нив не е возможен напредок. Работиме на неколку модели коишто би требало да бидат решение за ИТ кадрите во државната администрација, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, Грковска оцени дека анализите што се направени преку ИТК Работната група се поразителни и покажуваат дека во државната администрација недостасуваат стручни лица во оваа област, а без нив нема напредок.

Таа нагласи дека процесот за дигитална трансформација на општеството мора да се работи системски, за предуслов за тоа е воспоставување на електронска лична карта која обезбедува електронска идентификација и електронски потпис, а услугите можат да се користат со еден акаунт.

-Многу е важно во овој процес да бидеме внимателни, како држава не смееме да имаме повеќе парцијални решенија. Како држава ние уште во 2006 година се определивме за дигитална трансформација на општеството и тоа е наведено во ИКТ Стратегијата, која беше изгласана во Собранието, нагласи Грковска.

Таа додаде дека неминовно ќе дојде момент кога секоја институција ќе има електронски печат. Тоа во целиот процес на дигитална трансформација на општеството ќе биде синхронизирано. Институциите и сега може да имаат електронски печат.

Read Previous

Шефицата на бугарската дипломатија Генчовска и амбасадорот Ангелов се на пат кон Битола

Read Next

Увид на опожарениот културен центар во Битола, издадени наредби за откривање на сторителите