ноември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Нов ценовен шок, зошто Владата не ги продолжи мерките?!

Од денес граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Од денес цените на производите на основните прехранбени продукти се поскапи затоа што Владата не го продолжи рокот на траење на одлуката за 0% ДДВ за основните прехранбени производи во време на огромно поскапување на цените и двоцифрена инфлација. Патем кај нас стапката на инфлација е една од највисоките во Европа, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од опозициската партија, од денес дополнително поскапува лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца за најмалку 5%. Владата на СДСМ и ДУИ се занимаваше со измени на законот на игри на среќа, а не се сети да го заштити стандардот на граѓаните кој е во слободен пад.

-За кратко време сите основни потреби на граѓаните поскапеа од 50 до 100% и сега новото покачување уште повеќе ќе ги истенчи семејните буџети. Маслото за јадење е поскапено за 100%, исто колку и лебот, шеќерот и брашното. Народот гладува, а власта нема идеа и план што да направи. Платите се целосно обезвреднети. Тоа што можеше да се купи во месецот со една плата, сега не може ни со две плати да се покрие.

Апелираме до власта да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за ослободување од ДДВ до 31 декември 2022 година на  производите за човечка исхрана. Вака барем малку ќе им се помогне на семејствата во кризата која ескалираше поради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

Во Египет откриени 150 бронзени статуи на богови

Read Next

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците