ноември 22, 2024

Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија!

Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека можеме да користиме американски повеќе ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние не планираме да ја нападнеме Русија. Не сме заинтересирани за Руската Федерација и не се бориме за нивната територија“, рече Зеленски во интервју за американската телевизија Newsmax.

Претседателот на Украина посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува ТАСС.

Read Previous

Економија, енергетика, инвестиции, демократија, одбрана – области опфатени со Стратешкиот дијалог со САД

Read Next

Во Египет откриени 150 бронзени статуи на богови