Косовскиот бизнисмен Шкелќим Деволи се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида.
Акционерот на „Деволи корпорејшн“ му се заблагодари на поранешниот американски претседател за посветеноста кон Косово, изразувајќи длабока благодарност за ставот што Соединетите Американски Држави историски го подржале албанскиот народ воопшто.
Деволи на поранешниот прв човек на Белата куќа му укажал за успешното пробивање на производите на корпорацијата „Деволи корпорејшн“ на американскиот пазар, со што во последните две години се умножува косовскиот извоз во САД.
На ова средба посебно се зборуваше за производите на Комодита, во кој случај поранешниот претседател Трамп, побара да има за себе душек „Made in Kosovo“.
За време на неговиот тринеделен престој во САД, Шкелќим Деволи се сретна и со неколку американски конгресмени и сенатори, деловни претставници и институционални претставници во Вашингтон и Њујорк, со цел да се продлабочи економската соработка меѓу Косово и САД.